Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределување на 129 социјални станови, од кои 78 во Битола и 51 социјален стан во Берово. Социјалните станови се наменети за решавање на станбеното прашање на деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, самохрани родители со малолетни деца, припадници на ромската заедница, социјално загрозени... Становите ќе се распределуваат согласно методологијата за бодирање на кандидатите за добивање социјален стан под закуп, а ќе се земе предвид и бројот на членови во заедничкото домаќинство, вкупниот расположив прилив на средства по член да не изнесува повеќе од 50 евра во денарска противвредност, старосната структура и трајниот инвалидитет.
Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределување на 129 социјални станови, од кои 78 во Битола и 51 социјален стан во Берово.
Социјалните станови се наменети за решавање на станбеното прашање на деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, самохрани родители со малолетни деца, припадници на ромската заедница, социјално загрозени...
Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, становите ќе се распределуваат согласно методологијата за бодирање на кандидатите за добивање социјален стан под закуп, а ќе се земе предвид и бројот на членови во заедничкото домаќинство, вкупниот расположив прилив на средства по член да не изнесува повеќе од 50 евра во денарска противвредност, старосната структура и трајниот инвалидитет.
- Овие станови Министерството ги распределува јавно по електронски пат, а подносителот на барањето за добивање социјален стан под закуп може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови - нагласи Јанакиески. Тој укажа оти доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.
Крајниот рок за аплицирање во меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола и во Берово, е 1 ноември 2012 година.
- Владата континуирано го реализира проектот за домување на социјално ранливите групи во рамки на кој е предвидена изградба на 35 објекти во 26 града. Во периодот од 2007 до 2011 година изградени се 9 објекти со 430 станови и тоа 29 во Македонска Каменица, 102 во два објекти во Скопје, 71 во Охрид, 32 во Кичево, 29 во Кочани, 30 во Кавадарци и 46 во Крива Паланка - потсети Јанакиески, додавајќи оти само во 2012 и 2011 година се склучени договори за закуп и вселени се 293 станови наменети за социјално ранливи групи.
Според директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, вредноста на договорот за изградба на објектите во Битола и во Берово е 70.112.427 денари, а зградите се изградени по сите стандарди.
- Постојат и рампи за инвалидизираните или хендикепираните лица за кои треба да им се обезбеди нормален пристап. Бидејќи станува збор за социјално ранливите категории на лица, сите станови се со квадратура од 35 до 35 квадратни метри - појасни Грозданов.